Економија 16. септември 2018. / 11:25

Јавниот долг на Македонија расте побрзо од стопанството

Јавниот долг на Македонија расте побрзо од стопанството

Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 33,0% на 33,4% од БДП), при раст и на внатрешниот долг (од 15,2% на 15,4% од БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 п.п. и 0,2 п.п. од БДП, соодветно“, соопшти НБРМ.