Економија 17. јули 2018. / 12:59

Јапонија и ЕУ со нов договор за трговска соработка, како противудар на Трамп

Јапонија и ЕУ со нов договор за трговска соработка, како противудар на Трамп

Јапонија и ЕУ денес треба да потпишат договор за слободна трговија кој ќе покрие третина од светската економија, и кој е очигледна спротивност на протекционистичката политика која ја заговара американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот, најголемиот кој досега го постигнала Европската Унија, ќе обедини околу 600 милиони луѓе од двата пазари. Европските функционери се надеваат дека тој ќе стапи на сила на почетокот на 2019.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царините на 94 отсто од целосниот увоз од ЕУ, вклучувајќи 82 отсто земјоделски и рибни производи. Европската Унија ќе укине 99 отсто од царините на увозот од Јапонија. Ќе ги укине царините на увозот на јапонски автомобили и камиони во осмата година како и на телевизорите во шестата година од примената на договорот.

Потпишувањето требаше да биде објавено во Брисел на 11 јули, но откажано е по обилните дождови и поплави во Јапонија во кои загинаа 220 луѓе.

Двете страни во вторник ќе потпише и договор за стратегиско партнерство кој е наменет за јакнење на соработката околу прашањата за мирот и безбедноста, сајбер криминалот, енергетската безбедност и климатските промени.