Економија 02. април 2020. / 20:28

Јагнињата од дебарско ќе се изнесуваат со заштитени конвои

Јагнињата од дебарско ќе се изнесуваат со заштитени конвои

Јагнињата од Дебар ќе бидат изнесени  со возачи за кои ќе биде издадена посебна дозвола или со заштитен конвој на камиони, согласно протоколите на Министерството за здравство што се применуваат и за другите производствени капацитети на ова подрачје кое се наоѓа под кризна состојба и карантин.

Опција за јагнињата од Дебар е и изнесување преку штафетен утовар и истовар.

Претседателот на одгледувачите на овци „Даши“, Скендер Аме, пред три дена за МИА изјави дека околу 8.000 јагниња во Дебар, Центар Жупа и околните села, Могорче, Косоврасти и Отишани, се „заглавени“ поради карантинот и не може да бидат преземени од кланичарите.