Изминатиот период 20 компании во земјава однапред го платиле износот на данокот на добивка за 2020 година, со што ѝ помогнале на државата полесно да се справува со коронакризата..
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес -конференција се повика на тајноста на податоците и не ги соопшти имињата на компаниите кои се одѕвале на повикот за плажќање на данокот на добивка однапред.
Таа им се заблагодари на компаниите и ги повика и другите да го следат нивниот пример.