Економија 05. декември 2020. / 13:07

Изгласан Законот за финансиска поддршка од 6.000 денари на ранливите категории граѓани

Изгласан Законот за финансиска поддршка од 6.000 денари на ранливите категории граѓани

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари беше изгласан во Собранието на денешната пленарна седница.

Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.

Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.