Економија 24. јануари 2021. / 21:35

Истекува рокот кој угостителите и го дадоа на Владата, бараат продолжување на работното време до 23 часот

Истекува рокот кој угостителите и го дадоа на Владата, бараат продолжување на работното време до 23 часот

Утре истекуваат петте дена кои угостителите и ги дадоа на Владата со цел да ги исполни и усвои нивните барања.

Од неофицијални извори, тие добиле ветување дека ќе се сретнат со вицепремиерот Битиќи, но се уште се чека официјализација.

Од Независната угостителска комора велат дека со цел да опстои угостителската дејност, тие бараат продолжување на мерката за исплата на минимална плата. Најосновното барање на НУК е да се продолжни поддршката за исплата на минимална плата од јануари до март, изјави Здравко Јосифовски од комората.

Иако Владата веќе го продолжи работното време до 21 часот, угостителите се и понатаму незадоволни од тоа што надлежните го цепкаат нивното работно време, што доведува до намалени приходи. Тие велат дека сакаат да работат барем до 23 часот, бидејќи со оваа мерка до 21, не се зголемува прометот, туку доаѓаат истите гости , само во различно време.

Епидемиолозите, од друга страна, сугерираат дека треба да се издржи уште некое време, барем уште неколку месеци со овие мерки.

Минатаа година поради затворените капацитети загубите во оваа индустрија надминаа 22 милиони евра. Вработени биле 35.000, но поради кризата 5,000 добиле отказ