Економија 20. април 2018. / 17:02

Имотот на БЕГ се замрзнува – ќе се чешла документацијата

Имотот на БЕГ се замрзнува – ќе се чешла документацијата

15- ти мај е првото рочиште во Освниот суд Скопје 2 на кое ќе се одлучи дали ќе се отвори стечјна постапка за производителот и снабдувачот во Скопје со топлинска енергија „Балкан енерџи гроуп“. Дотогаш за привремен стечаен урпавник е назначен Богљуб Макревски, а имотот на БЕГ се замрзнува. Доколу судот одлучи претпријатието да оди во стечај, Макревски е обврзан да го заштити имотот, објави Телма.

„Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. СЕ ЗАБРАНУВА одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и СЕ ЗАБРАНУВА исплати од сметките на должникот. СЕ ПОВИКУВААТ должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, а должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот“.

Макревски ќе ја чешла деловната документација, трговските книги. Извештајот до првото рочиште пред судот треба да ја содржи економско-финансиската состојба на БЕГ. Сега останува нејасно дали судот ќе донесе решение за стечајната постапка, по неодамнешната одлука на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов да ја врати топловодната мрежа во сопственост на градот. Најавите на Шилегов се дека правното друштво Балкан Енерџи Груп ќе ја загуби лиценцата, а очекувањата на Шилегов се до почетокот на грејната сезона да го овозможи снадбувањето до корисниците на парно преку новоформирано Јавно претпријатие. Примарна цел вели тој е целосно поврзување на топловодниот систем во Скопје, намалување на загадувањето и намалување на цените за парно греење.

Не се очекува раздвојувањето на дејностите да предзвика фискални или оперативни реперкусии врз работата на БЕГ, иако експертите реагира дека е потребно да се изменат 40 подзаконски акти.

Компанијата БЕГ има лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија на 35 години. Велат дека намерата на градот нема да ја коментираат додека не се изгласа новиот закон за топлинската мрежа во Скопје да биде во рацете на градот се до 1999 година, кога со одлука на владата се доделува на ПУИГ а потоа таа се отстапува на фирмата БЕГ.