Економија 28. март 2019. / 15:52

Имотно правните спорови меѓу фирмите да се решаваат со арбитража побараа бизнисмените

Имотно правните спорови меѓу фирмите да се решаваат со арбитража побараа бизнисмените

Бизнисот побара од Владата при склучување на договор за јавно – приватно партнерство во клаузулата на договорот да ја стават и арбитражата како можност за решавања на евентуален спор доколку некоја од страните не го почитува договореното. Стопанството смета дека се потребни и измени на Законот во однос на решавање на предметите поврзани со имотно правните спорови и за нив да се применува арбитражата се со цел побрзо и подобро решение.

Ве уверувам дека тоа што овде, и на кој начин ќе ви биде пресудено ќе се пресуди и тоа дефинитивно ќе донесе иднина или верба во правосудниот систем во Македонија и стопанствениците нема повеќе да претпоставуваат како и на кој начин ќе биде решен спорот. Туку во оној момент кога ќе биде поставен на маса, однапред ќе го знаат исходот, бидејќи ќе се знаат податоците, документите. Овде е потребно се да биде подготвено пред да почне спорот, рече Горан Рафајловски, претседател на постојаниот избран суд- арбитража.

Од вкупните спорови по пат на арбитража во земјава се решаваат пет отсто од предметите, а тоа е на ниво на дел од земјите од Европа, но далеку сме од швајцарското и американското ниво за решените предмети вели бизнисменот Горан Рафајловски. Власта вели дека ја поддржува арбитражата како процес и потврдува дека на тој начин решавањето на предметите оди поефикасно и побрзо во однос на судските предмети помеѓу приватните фирми и јавните претпријатија.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека државата веќе ја применува арбитражата во спорови кои ги води со приватни фирми. Искуството за времетраењето на случаите покажува дека по пат на арбитража најдолгиот спор траел девет, а најбрзо решениот е за четири месеци, далеку побрзо од оние кои се решаваат по судски пат.