Економија 27. август 2018. / 12:58

Илон Маск се откажа од понатамошно купување на акции во Тесла, и нивната цена драстично падна

Илон Маск се откажа од понатамошно купување на акции во Тесла, и нивната цена драстично падна

Акциите на американската автомобилска компанија Тесла денес паднаа во Германија за пет отсто, откако извршниот директор Илон Маск се откажа од планираното купување на акции од оваа компанија.

Акциите на Тесла со кои се тргуваше на берзата паднаа на 263,50 долари, откако Маск објави во петокот дека мнозинството акционери се противат на идеата за продавање на акции од компанијата , објави Ројтерс.

Акциите на компанијата во моментов се за 10 отсто пониски од нивото на 7 август, кога закрепнуваа од веста за можна продажба на акции, според која Маск објави дека ќе биде купувачот на акциите на Тесла по цена од 420 долари, како и дека тој веќе обезбедил средства за таа цел.