Од државните фондови коишто го поддржуваат руралниот развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско, напиша на Фејсбук градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
–Следува втората фаза од изградбата на патот Крушка – Полаки во должина од 940 м, продолжение на неодамна асфалтираните 780 м. Ќе се гради и првиот дел од локалниот пат Крушка – Ајдар. Оризари и Гратче ќе се поврзат со Кочани со асфалтирање на улиците „Енгелсова“ и „Мишо Арсов“. Асфалт ќе добие и пристапниот пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во туристичката населба Добра Вода. Во наредниов период очекуваме прилив на средства за реализација на други проекти кои ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата и во градот и во низинските населени места – гласеше фејсбук статусот на градоначалникот.