Економија 12. March 2019. / 20:16

Илиевски: Може да останат без работа 7000 луѓе ако се донесе предлог законот за игри на среќа

Илиевски: Може да останат без работа 7000 луѓе ако се донесе предлог законот за игри на среќа

Преку високите даноци кои ги плаќа, индустријата на игрите на среќа придонесува со вкупно една четвртина милијарди евра во држаниот буџет или високи 4% удел во бруто-домашниот производ. Само минатата година, од нашата работа во државниот и локалните буџети се влеаа вкупно 253 милиони евра – вели во интервју за Фактор Васко Илиевски директор на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Дополнително, нашата индустрија, со секое ново уплатно место, има индиректен ефект и врз развојот на своите добавувачи кои работат во други индустрии. Ако се донесе предлог законот за игри на среќа ќе се поттикнат дивите обложувалници или граѓаните ќе играат на меѓународни сајтови. Со ова нема да го намалиме играњето, туку само државата ќе го зауби приходот од тоа.

Какви би биле ефектите врз економијата и вработувањата доколку се донесе новиот предлог Закон за игрите на среќа?

Ефектите би биле многу негативни, да не речам разурнувачки за и онака кревката економија. Прво, околу 7 илјади луѓе ќе изгубат работно место. Тоа се 7 илјади семејства кои живеат од овој приход. Тука би сакал да истакнам дека, тоа се пред сé, млади луѓе кои со вработувањето обезбедуваат редовна плата, но и можност за дополнителна заработка за работа на празници и ноќни часови. Тоа им обезбедува сигурност и стабилност и им дава можност да ја планираат својата иднина во земјата. Доколку овие млади луѓе ги загубат своите работни места, ризикуваме да ја напуштат државата, нешто што за нас како држава би било погубно. Потоа околу 600 локации на кои се изнајмуваат објектите ќе треба да бараат нови закупци, што значи и тие ќе го изгубат својот приход на одреден период. Потоа, тука се сите бизниси и индустрии кои соработуваат со нашата индустрија, а такви се премногу за набројување. Само ќе кажам еден податок, ние како индустрија поддржуваме речиси 54.000 работни места.

Целото интервју можете да го прочитате на factor.mk