Со последната одлука на Регулаторна Комисија за Енергетика, бензините поскапеа за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намали за половина денар.
Според објавената одлука, литар ЕУРОСПУЕР 95 се продава за 1,5 денари поскапо и чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапе за 1 денар, се точи по цена од 67,5 денари по литар.
Дизелот стана поевтин за половина денар и на бензинските пумпи низ Македонија се продава по цена од 60,5 денари по литар.
По последниот викенд во март следи нова цена на горивата.