Граѓаните на Македонија плаќаат втора најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.
Со овие податоци паѓаат во вода изјавите на владините претставници, но и владејачката СДСМ, дека Македонија има најниска цена на струјата во цела Европа и затоа не треба да не загрижува покачувањето.
Имено вчера Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се зголемува за 7, 4%. По ваквата одлука јавноста, односно граѓаните, експертите, аналитичарите, жестоко реагираа на социјалните мрежи.
Одлуката на Регулаторна комисија да ја зголеми цената на струјата е скандалозна, а уште поскандалозно е тоа што владејачката партија не’ уверува дека сме глупи – демек имаме најниска цена во Европа. За тоа дека имаме најниска цена во Европа, имаше одлични споредби и поенти дека треба да се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. Така споредено излегува дека имаме меѓу најскапа струја во Европа. Образложението на Регулаторна комисија е скандалозно бидејќи се вели дека треба да се покријат загубите на фирмите што се во бизнисот со струјата. Браво мајстори. Од коронавирусот страдаат само фирмите во овој бизнис и сега треба сите ние како граѓани и фирми да ги покриваме!!!????, пишуваат стопанствениците на социјалните мрежи.