Економија 21. декември 2020. / 20:39

Хоџа: Ова не е катастрофална година за тутунарите, има тренд на зголемување на просечната цена

Хоџа: Ова не е катастрофална година за тутунарите, има тренд на зголемување на просечната цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, во гостувањето во „Топ тема“ на Телма посочи дека ова не е катастрофална година за производителите на тутун и на ориз, иако тие го тврдат спротивното.

„Оваа година е лоша за производителите на тутун и ориз. Оваа година не мислам дека политиката на Владата, со оглед на тоа дека имаме рекордни зголемени субвенции особено за тутунот. Ние ја следевме ситуацијата постојано, не може да се оцени оваа ситуација како катастрофална, но за разлика од лани, ова не е исто, идентично како и споредбено со изминатите 10 години, во кои оваа не е најлоша година. Ние сме на почетокот на откупот и ги правиме напорите максимално, за да не се создаваат тензии“, истакна министерот Хоџа.

Според министерот ако се направи пресек откако се почнати разговорите, има тренд на зголемување на просечната цена.

„Ако просечната цена пред две недели беше 162 денари по килограм, со пресекот од петок, денеска што ги добив резултатите од Државнито инспекторат за семјоделство имаме просек од 167 денари“, вели Хоџа.

Сепак, соопштението на производителите говорат дека и покрај течението на откупот, се уште состојбата не е на задоволувачко ниво.