Економија 25. јуни 2018. / 16:47

Харли Дејвидсон ќе отвора фабрика во Европа

Харли Дејвидсон ќе отвора фабрика во Европа

Со цел да ја избегнат царинската војна меѓу САД и ЕУ, и истовремено да го сочуваат европскиот пазар, еден од најпознатите производители на мотоцикли, Харли Дејвидсон, одлучи да отвори фабрика во Европа.

„Царините воведени од Европа, би го поскапеле нашето производство за околу 32%, со што компанијата годишно би губела меѓу 90 и 100 милиони долари. Тоа би бил силен удар врз компанијата, чии акции веќе бележат надолен тренд.“ изјави Метју Леватич, извршниот директор на Харли Дејвидсон.

Харли Дејвидсон има две фабрики за производство на култниот мотоциклистички бренд, едната се наоѓа во Канзас Сити-Канзас, другата во Милвоки во сојузната држава Висконзин. Засега нема информација во која европска држава би била изградена фабриката, ниту пак дали ќе дојде до затворање на една од постоечките фабрики во САД. Харли Дејвидсон, освен во САД, имаат свои фабрики и во Бразил и Австралија, додека под нивна франшиза работат две фабрики во Индија.