Познати интернационални ланци маркети, како и познатиот шведски бренд „H&M“, полските „LPP“ и „CCC“ планираат влез на македонскиот пазар.
„Фактор.мк“ открива за преговорите што овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 имало раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.
Според информации на „Фактор“ влез на пазарот разгледуваат и германски „Лидл“, но и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите „Спар“ и „Била“.