Економија 25. октомври 2018. / 15:27

Граѓаните кои ќе регистрираат фирма ќе треба да потпишат изјава за сопственост на удели во други компании

Граѓаните кои ќе регистрираат фирма ќе треба да потпишат изјава за сопственост на удели во други компании

Од први октомври идната година граѓаните кои ќе регистрираат фирма, во Централниот регистар ќе имаат обврска да потпишат и изјава дали имаат сопственост на удели и во други компании. Со овој модел надлежните сметаат дека ќе се намали можноста за перење пари во случај на префрлање на кеш од едни на други правни лица. Ваквиот регистар е согласно европските директиви.

„Целта е задоволување на потребите на субјектите на бизнисите кои се основаат, односно проширување на едношалтерски систем и понатамошно олеснување на постапката за отпочнување на бизнис, регистрација за ДДВ цели и вработување.“ изјави, Марија Бошковска-Јанкоски дирекор на Централен регистар.