Економија 28. јуни 2018. / 13:38

Градоначалникот на Пласница преку својот ,,Пуцко петрол“ ќе го снабдува ЈСП со нафта за 15 милиони евра

Градоначалникот на Пласница преку својот ,,Пуцко петрол“ ќе го снабдува ЈСП со нафта за 15 милиони евра

Јавното сообраќајно претпријатие во наредните две години со дизел ќе се снабдува од „Пуцко Петрол”, компанија на градоначалникот на Пласница од ДУИ Исмаил Јаовски. Вредноста на овој тендер е 944 милиони денари или повеќе од 15,3 милиони евра, објави порталот МКД.мк.

Претходно, во декември минатата година, тендерот на Министерството за одбрана за набавака на мазут исто така го доби компанијата „Пуцко петрол” ДООЕЛ од село Пласница. , Но според Републичката комисија за енергетика „Пуцко петрол” не ги исполнувал основните услови за учество на овој тендер.

Министерката Шекеринска под притисок на јавноста, пролетта го раскина овој тендер.

Но.Во четири очи, без тендер, ЈСП Скопје купи дизел гориво за градските автобуси на почетокот на оваа година , од друга компанија. Еден милион и петсотини илјади евра тежеше договорот кој ова јавно претпријатие го потпиша со фирмата АЛОВ од Гевгелија.

Тогаш ЈСП се правдаше дека така одлучиле затоа што снемале нафта и морале интервентно да реагираат.

Јавното сообраќајно претпријатие паралено со потпишаниот договор за набавка на гориво во четири очи вреден еден и пол милиони евра, тогаш распиша и нов оглас за набавка на нафта за следните две години. ЈСП планира да потроши 13 милиони евра или шест и пол милиони евра годишно за нафта за автобусите. Ова јавно претпријатие изминативе години добиваше и субвенции од касата на градот. Лани со одлука на градскиот Совет на ЈСП му беа префрлени речиси 3,5 милиони евра. За 2018-та, новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од буџетот на градот одвои пари за субвенции за ЈСП. Предвидени се половина милион евра повеќе во однос на лани или вкупно 4 милиони евра, доколку во ЈСП има потреба за тоа.