Економија 14. декември 2020. / 13:20

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно новото зголемување на цените, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден/кг.