Економија

Гордон Браун: Светот е на работ на нова економска криза

Гордон Браун: Светот е на работ на нова економска криза

Поранешниот британски премиер Гордон Браун предупреди дека светот е на работ на нова економска криза бидејќи владите не успеале доволно да се спротивстават на причините на последниот финансиски колапс изминатата деценија.

Заради колапсот на американската инвестициска банка „Леман Брадерс“, што ја предизвика најлошата финансиска криза уште од Големата депресија, поранешниот британски премиер рече дека светот останал без лидерство и дека сега влегува во период на слабост.

– На работ сме на влез во идна криза – рече Браун за Гардијан.

Тој уште додаде дека глобалната економија не успеала да воведе систем за предупредување и систем за следење на финансиските текови кои би прикажале каде се парите позајмувани и под кои услови.

– Се занимававме со мали проблеми наместо да ги решаваме оние големите – рече Браун, кој беше британски премиер во периодот од 2007 до 2010 година.

Тој напомнува дека акциите против финансиските злоупотреби не биле доволно цврсти поради што многу банки сметаат на тоа дека ќе успеат да се извлечат од некоја идна криза.

– Казните за бројните престапи не се доволно зголемени…Банкарите не се плашат бидејќи не е испратена доволно јака порака дека владите нема да ги спасуваат институциите кои своите работи не ги вршеле правилно – вели Браун.