Економија

Голем број физички лица со приходи од преку 1 милиони денари се пријавиле за да платат ДДВ

Голем број физички лица со приходи од преку 1 милиони денари се пријавиле за да платат ДДВ

Над 1.600 лица со приходи од над милион денари се пријавиле во УЈП за да платат ДДВ рамо до рамо со правните лица, велат извори од Управата за јавни приходи.

Неофицијално, од УЈП велат дека главно станува збор за поединци кои поседуваат недвижнини и истите ги издаваат под закуп, но и има други слободни дејности кои не се водат како стопански субјекти. Оваа обврска УЈП ја наметна на почетокот на годината, иако оваа идеја наиде на остри реакции.

Станува збор за даночење на лица со годишни приходи кои остваруваат приходи од над милион денари како проценители, вештаци, приходи од земјоделска дејност, договор на дело, авторски договори, научни трудови, закуп, членување во одбори, индустриска сопственост, слободни занимања, професионални и интелектуални услуги кон правни лица и др. Слкедствено на тоа, им следува дополнително оданочување за ДДВ од 18, односно пет отсто.

Истовремено се развива и дебата за тоа дали УЈП треба да упаѓа во приватните банкарски сметки и да ги проверува трансакциите на сите физички лица, како што беше неодамна најавено. Ова УЈП го најави со цел подобра контрола на слободните не-стопански дејности и на уплатите од странство.

– Темата не е стара, но актерите созреваат. Сепак треба да се слушне граѓанскиот сектор за да се види дали се потребни корекции на Закното за ДДВ и Законот за персонален данок. Треба сите физички лица на некој начин истовремено да станат обврзници на ДДВ доколку се исполнат критериумите, а не да се чека сами да се пријавуваат. Ние како цивилно општество треба да дадеме бланко-поддршка, а УЈП да се погрижи за системот. Доколку не се менува Законот за ДДВ, треба да се види можноста подобро да се регулира ова подрачје со подзаконски акти. Потребно е и работа со даночните инспектори и внесување свежа крв, бидејќи 40 отсто од нив ќе бидат заминати во пензија во 2020 – вели Марјан Николов, од Центарот за економски анализи.

Истовремено следуваше повик и до сите што работат со авторски дејности да се регистрираат.

– Добивките се и на двете страни. УЈП сепак треба да го анализира надоместокот што го наплаќаат овие слободни дејности и да ги следи сметките дали тој се добива во континуитет. Управата посебно треба да си гледа доходите од авторски права. Да се види и дали има бизнис-мотивација кај лицата. Дали нарачателот на нбивните дела има комерцијална корист. Пред да се тргна на регистрирање да се истолкуваат трансакциите на тоа лице – смета Борче Смилевски од Центарот за даночна политика.