Економија 04. април 2018. / 14:53

Глобална трговска војна во најава

Глобална трговска војна во најава

Инвеститорите стравуваат од трговска војна помеѓу двете велесили!

Последните неколку недели минаа низ медиумски шпекулации за глобална трговска војна.

Трамп веќе го потпиша Мартовиот указ за зголемување на тарифите при увоз на алуминиум кој во најголем дел се увезува од Кина.

Според Трамп покачувањето на тарифите ќе ги засили базичните линии на националната одбрана, под изговор дека увозот на алуминиумот ги загрозува истите.

Со исти пресметки се јави и Канада, која исто е загрозена од наводната закана која кинескиот алуминиум ја преставува.

Трамп пред три недели се пофали дека со воведување на вакви тарифи врз Кинезите ќе инкасира свежи 60 милијарди долари.

Кинезите не постапија ништо подобро од Трамп, како контра-мерка на оние 25% посто тарифни давачки воведени од САД тие настапија со побарувања за исти 25% во увозот на Американски суровини и 15% на помали извози за „фини“ работи на пример (вино, јаболка, етанол и слично).

Исто така Кина воведува нови тарифи за уште 130 производи од амерканско потекло со што ќе се израмни заработката која САД треба да ја направи од оданочувањето.

Повеќе детали ќе пронајдете во статијата на Френк Селерс во весникот „Дуран“.