Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари.
Од Фондот велат дека со оваа дополнителна мерка, обезбедуваат дополнителен износ од над 9 милиони денари за овој месец, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на февруари.
–Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум“, велат од Фондот и додаваат дека продолжуваат внимателно да ги следат состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, со цел осигрените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување на лекови на рецепт.
Линеарното зголемување ќе важи само за овој месец, нагласуваат од Фондот.