Економија 02. јули 2019. / 15:50

(ФОТО) Затворениците во Идризово ќе добијат нов парк

(ФОТО) Затворениците во Идризово ќе добијат нов парк

Од крајот на месец јуни во Казнено-поправниот дом Идризово се рушат најруинираните објекти од стариот дел на затворот, популарно наречен „Одделение за школарци”.

Овој простор ќе биде наменет во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во оваа установа.

Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се рушат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули минатата година, а се наменети за осудените лица кои се со полуотворен или отворен третман во процесот на ресоцијализација.