Економија 18. април 2018. / 17:42

(ФОТО) Во Струмица земјоделците ја фрлaат зелката поради ниската цена

(ФОТО) Во Струмица земјоделците ја фрлaат зелката поради ниската цена

Земјоделците од струмичко поминуваат низ голгота. Власта остана глува на нивните барања, па она на што работат цела година, наместо да го продадат и да заработат, принудени се да го фрлат.

Овој земјоделец вели дека за нив е најважно да се дефинира цената на зелката. Барале средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од СДСМ, но тој ниту ги контактирал, ниту ги посетил.

Им било ветено дека килограм зелка ќе се откупува за 17-20 денари, а моменталната цена е само 8 денари. Чекајќи ја исплатата дури и за толку ниска цена, овие земјоделци остануваат без пари.

Огромни количини на зелка фрлија како знак на револт и аларм до институциите, дека нешто мора да превземат за да им помогнат.

Сведоштвото на земјоделец од струмичко, погледнете го во видеото во продолжение: