Економија

(ФОТО) Ленче Николовска до земјоделците: Тоа е, има многу зелка, ќе ја продавате за 12 денари

(ФОТО) Ленче Николовска до земјоделците: Тоа е, има многу зелка, ќе ја продавате за 12 денари

Земјоделците разочарани од специјалната советничка за земјоделие на премиерот Заев, екс новинарката Ленче Николовска.

Разочарани од откупната цена на зелката која секојдневно паѓа, тие се обиделе да стапат во контакт со Николвоска преку социјалната мрежа фејсбук сакајќи да издејствуваат таа да помогне за да се промени откупната цена, но и покрај првичните ветувања, работите се смениле, па Николоска им вели на земјоделците дека „Има многу зелка и цената не може да расте.“. 

Разочаран земјоделец до редакцијата на Лидер.мк доставија фејсбук комуникација со советничката на Заев, во која таа му вели дека не може да преземе ништо и ги остава на цедило, а тој разочаран признава дека ќе се откаже од производството на зелка.