Економија 04. март 2021. / 12:55

Еврозоната оди кон рецесија?

Еврозоната оди кон рецесија?

Економијата во еврозоната повторно се намали во февруари и се лизнува кон нова рецесија поради постојаниот притисок од ковид-ограничувањата врз услужниот сектор, но директорите се оптимисти, покажа извештајот на лондонската компанија за истражување „Markit“, а пренесува порталот Денар.

Конечниот индекс на менаџери за набавки на вкупниот пазар (PMI), кој ги опфаќа секторите за производство и услуги во економијата од 19-те држави, се зголеми за една точка во февруари, на 48,8 поени. Првичната проценка покажа поблаг раст на индексот, на 48,1 поени.

Сè уште се движи под 50 поени, сигнализирајќи пад на активноста, четврти месец по ред.

– Еврозоната е на работ на нова рецесија, бидејќи деловната активност опаѓа четврти месец по ред, заклучува Крис Вилијамсон, главен економист во „IHS Markit“.

Растот на индексот во голема мера се припишува на скоро рекордниот раст на активноста во производствениот сектор бидејќи фабриките останаа отворени.

Тежината, од друга страна, е доминантна во услужниот сектор, кој е најмногу погоден од мерките за заклучување, покажува извештајот.

Земјите-членки продолжуваат да бележат голем број нови инфекции и владите не попуштаат на мерките за заклучување во секторот за угостителство и забава, повикувајќи ги граѓаните да останат дома.

„PMI“ за услужниот сектор во еврозоната се зголеми за 0,3 поени во февруари на 45,7 поени, зголемувајќи ја прелиминарната проценка на „Markit“ за еден бод, но сепак цврсто лебди под 50 поени, во делот на опаѓачката активност.

– Додека многу угостителски компании во услужниот сектор се соочуваат со проблеми поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, производствениот сектор работи добро, што ги ублажува ефектите од мерките за заклучување во целокупната економија, објаснува Вилијамсон.

Меѓу добрите вести е и малото заживување на вработувањето во услужните компании, што во февруари го зголеми бројот на вработени за прв пат од февруари минатата година, непосредно пред првиот бран на пандемијата да ја погоди Европа.

Индексот за мерење на вработеноста во услужниот сектор се искачи на 50,2 поени, од 49,8 поени.

Довербата на бизнисот во еврозоната е на највисоко ниво во последните три години.

Иако кампањата за вакцинација на ЕУ е нарушена од намалената испорака на вакцини, одложувањата и спорадичниот отпор од граѓаните, лидерите на компаниите од еврозоната се оптимисти за акција во наредните месеци, очекувајќи да се решат овие проблеми.

Оптимизмот за блиска иднина се рефлектира во скокот на соодветниот индекс на 67 поени, од 64,2 поени во јануари.

– Надежите дека вакцинацијата ќе биде успешна и дека мерките поврзани со превенција од Ковид-19 се значително олеснети, го зголемија зајакнувањето на деловната доверба на највисоко ниво во последните три години, забележува економистот на „Markit“.