Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец достигнаа ниво од 2.877.400.000 евра, односно
10,3 милиони евра повеќе во споредба до декември 2018 година, покажуваат податоците на Народна
банка на Република Македонија (НБРМ).
На крајот на јануари лани, вкупните девизни резерви “тежеа“ 2.577.400.000 евра.
Хартиите од вредност, што зафаќаат најголем дел од вкупните државни девизни резерви, заклучно со
31.01.2019 година, имаа салдо од 2.223.900.000 евра, додека еден месец претходно изнесуваа 2.26.300.000
евра. На крајот на јануари лани, хартиите од вредност во државна сопственост беа на ниво од
2.093.100.000 евра.
Валутите и депозитите на крајот на јануари оваа година се позиционираа на 393.600.000 евра или 4,2
милиони евра повеќе во однос на декември лани. На крајот на јануари 2018 година тие изнесуваа
240.800.000 евра
Државното злато во пресметковниот период достигна вредност од 256.400.000 евра или 8,5 милиони евра
повеќе отколку еден месец претходно. Во јануари лани, монетарното злато имаше вредност од
239.600.000 евра