Економија 17. април 2019. / 18:11

Еве какви се цените на месото, јајцата, овошјето и зеленчукот пред Велигден

Еве какви се цените на месото, јајцата, овошјето и зеленчукот пред Велигден

Предвелигденските подготовки започнаа, граѓаните по пазарите и месарниците ги прават подготовките. Се бара и каде има пониски цени. А цените зависат и од квалитетот, па така табла јајца може да се купи за цена од 180 до 260 денари. Но, еве какви се цените во месарниците. Месопроизводителите сепак велат дека продажбата оди добро, а цените се намалени пред празниците, пренесува 24.mk.

Со оглед на тоа дека доаѓа празникот, цените ги намаливме за сите потрошувачи да си купат месо и да си имаат на трпезата јагнешко и јарешко. Не е скапо, затоа што е наше, а не увозно месо. Таков ни е концептот на работата, од природа до трпеза – вели Анамари Сарафимовска – менаџер на месарница „Кораб Трница.“

Граѓаните пак сметаат дека веќе се навикнати напредпразнични ценовни шокови. Цените растат, но официјалните статитики белажат умерана инфлација. Во последниот извештај, ММФ објави прогнози според кои стапката на инфлација во земјава ќе изнесува околку два отсто. Покрај цената за месото и јајцата, граѓаните најголемите забелешки ги имаат за високите цени на зеленчукот.