Економија 20. јули 2019. / 10:55

Еве каков имот поседува Вилма Рускоска

Еве каков имот поседува Вилма Рускоска

Јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, вчера беше предложена од премиерот Зоран Заев да биде на чело на новото Специјалното јавно обвинителство.

Според анкетниот лист кој таа го доставила до Државната комисија за спречување на корупција кога станала јавен обвинител, на свое име пријавено куќа за одмор во Скопје, од 50 метри квадратни, проценета на 410 илјади денари и стан, исто во Скопје, од 79,9 метри квадратни, проценет на 1,9 милиони денари, како и џип Киа Спортаж проценет на 16 500 евра.

Инаку новиот закон за Јавно обвинителство вчера јавно беше објавен на страната на Министерството за правда, а се очекува деновиве да се најде пред пратениците.