Економија

ЕуроНикел создава нова перспективна иднина за ФЕНИ Индустри

ЕуроНикел создава нова перспективна иднина за ФЕНИ Индустри

Производство во полн ек, континуиран секојдневен извоз на произведен фероникел и задоволство на вработените ја опишуваат сегашната состојба на ФЕНИ Индустри. Компанијата ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија, која моментално работи со ФЕНИ Индустри, на вработените им ја исплати платата за месец мај, која постојано расте, како што расте и производството. Просечната плата сега во ФЕНИ е приближно 29.000 денари, а од компанијата најавуваат и дополнително зголемување.

За подобрувањето на состојбите и задоволството меѓу работниците сведочи и синдикалната организација во ФЕНИ Индустри.

Кај работниците владее задоволство од тоа како се одвиваат работите во компанијата.  Воспоставивме постојана двонасочна комуникација со раководството, имаат слух за сите потреби на вработените, добивме исплата на бонуси, дури и поголема од очекуваната. Најголемото задоволство кај вработените произлегува од тоа што гледаат како се создава сигурна иднина за компанијата и за нивната егзистенција. Производството се одвива непречено и по нагорна линија, платите се редовни, сите дополнителни обврски се исполнети и тоа е добра основа за исполнување на основните работнички права. После сите проблеми и неизвесност низ кои поминавме во изминатите две години, заканата да ги изгубиме работните места, а фабриката да се затвори, што никогаш и никому нема да му го дозволиме, сега среќни сме што ФЕНИ повторно е на вистинскиот пат“, изјави Душко Николов, сегашниот синдикален лидер на ФЕНИ Индустри.

Со последната производна динамика на ФЕНИ, месечното производството за месец мај надмина  1000 тони произведен никел, што претставува огромно достигнување за комбинатот, кој повеќе од шест месеци воопшто не произведуваше. Со обновување на деловните договори и враќање на довербата на добавувачите, расте производството, а расте и извозот на ФЕНИ секој ден.