Економија 20. ноември 2018. / 15:35

Еурокомпозит: Фабриката без струја, вработените по дома

Еурокомпозит: Фабриката без струја, вработените по дома

Фабриката без струја, погоните без работници, луѓето без плати. Состојбата со последниот македонски загубар се усложнува.

Фабриката без струја, вработените по дома

Во Еурокомпозит останаа помалку од сто, но и ним им било кажано да седат дома и да чекаат да бидат повикани откако фабриката остана без електрична енергија поради неплатени сметки.

Синдикатот предупредува дека состојбата се влошува а не се подобрува како што им било ветувано.

-Работа нема. Денеска раководството ги испушти вработените и речено е да чекаат дома до повторно повикување“ изјави претседателот на синдикатот Роберт Богданоски.

Од синдикатот се заканија дека доколку наскоро не се изнајде решение повторно ќе излезат на протести, од Прилеп ќе дошле во Скопје да го искажат незадоволството. Велат дека се чувствувале измамени и изманипулирани.

130 вработени прогласени за технолошки вишок

Минатата недела 130 работници беа прогласени за технолошки вишок. Ова е дел од договорот со Владата кој беше постигнат при последниот протест.