Европските компании се повлекуваат од повторно се повлекуваат од Иран во страв од американската одмазда поради повторното воведување санкции за оваа земја, додека Кина најавува дека ќе ги користи иранските танкери за да купува нафта од оваа земја, со што на Техеран му дава недвосмислена поддршка откако се повлече францускиот гигант „Total“.
Соединетите држави се обидуваат да ги запрат иранскиот извоз на нафта за да влијаат врз Иран наводно да преговара за нов нуклеарен договор и да го намали своето влијание во политиките на Блискиот исток. Кина, пак, којашто го намалува својот увоз од американски енергенси, особено во екот на трговската војна со Вашингтон, објави дека се противи на унилатералните санкции, и за разлика од Европската унија, застана во одбрана на своите економски интереси во Иран.
Извори на Reuters во понеделникот откриваат дека кинеските купувачи на иранска нафта речиси целиот извоз го префрлиле на бродови на коишто сопственик е иранската државна танкерска компанија NITC. Оваа промена покажува дека Кина, кој е најголемиот потрошувач на иранска нафта, нема намера да го сопре купувањето на ирански енергенси и покрај санкциите коишто повторно ги воведоа САД откако во мај годинава се повлекоа од меѓународниот договор постигнат меѓу Иран и шесте светски сили, од кои членки на Советот за безбедност при советот на Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија од јули 2015 година.
Промената се случува од неодамна, и се случил ја симултана иницијатива од двете страни, Техеран и Пекинг. Иран сличниот систем го користеше и во периодот меѓу 2012 и 2016 година за избегнување на санкциите од Западот, со коишто стана речиси невозможно да се добие осигурување на испораките доколку се тргува со Иран.
Според процените на аналитичарите, Иран, кој е третиот произведувач на нафта во рамките на Организацијата на производителите на нафта (OPEC), е зависен од извозот во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Индија и ЕУ, што претставува значителен удел во државниот буџет и оттаму врз економијата на оваа земја.
САД бара од потрошувачите на иранските нафта од ноември да го намалат увозот. Јапонија, Јужна Кореја, Индија и некои европски земји веќе тоа го сторија. Францускиот гигант „Total“, порано еден од најголемите европски купувачи на иранска нафта, објави дека „нема избор“ и дека го запира својот увоз од Иран и оти ги напушта тамошните проекти, за да ги заштити своите работи со САД.
Иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех, во понеделникот откри дека „Total“ официјално го напуштил нафтениот проект Јужен Парс. Ирански и кинески функционери, пак потврдија дека кинеската државна компанија CNPC ќе го преземе уделот на „Total“, а Заганег истакна дека трае процесот на изнаоѓање и други партнери.
Кинеската државна компанија за трговија за нафта „Zhuhai Zhenrong Corp and Sinopec Group“, која е најголемиот азиски снабдувач со нафта, веќе оформил механизми за користење на бродовите на Националната иранска танкерска компанија (NITC) за брз увоз за да го одржи снабдувањето поради повторното воведување на американските санкции. Според информации на медиумите, оваа компанија ја активирала калузулата за долгорочните договори за снабдување од иранската агенција, којашто овозможува користење на иранските танкери.
Со тоа цената на нафтата во долгорочните договори ќе биде променета од претходно испорачаната во услови на непостоење на санкции, што според аналитичарите значи дека Иран „ќе ги покрие“ сите трошоци и ризици од испораката на суровата нафта, како и обезбедување на осигурителните клаузули.
Кина претходно го отфрли барањето на САД за намалување на увозот на иранската нафта. Кон крајот на јули, индиските медиуми, пак, објавија дека Иран обезбедил танкери и осигурително покритие за испорака на иранската нафта за Индија, со цел да продолжи извезувањето на стратешкиот ирански производ на вториот според обемот пазар на Техеран. Во јули сите 17 танкери на NITC превезувале нафта за Кина, според официјалните податоци за бродскиот транспорт. Во јуни, пак, осум од 19-те танкери биле управувани од кинески компании. Минатиот месец овие танкери натовариле околу 23,8 милиони барели сурова нафта и кондензат наменети за Кина, или околу 767.000 барели дневни. Во јуни, овој товар се движел во обемот од 19,8 милиони долари, или околу 660.000 барели дневно, според пресметките на Reuters. Минатата 2017 година Кина во просек увезувала 623.000 барели сурова иранска нафта дневно, според податоците од кинеската царина.