Европската унија ќе го зголеми својот буџет за Западен Балкан, но висината на средствата сеуште не е позната, објави Европската комисија.
Вкупниот буџет на ЕУ за надворешни работи и меѓународна соработка од 2021 до 2027 година, ќе изнесува 123 милијарди евра, а дел од тие средства ќе бидат наменети за мигрантите кои ја користат балканската рута.
Повеќе информации ќе има кога ќе се усвои буџетот и кога ќе се знае конкретната намена на тие средства.