Во врска со денешните наводи на лица од партијата ВМРО ДПМНЕ, од АД ЕСМ ја информираат јавноста дека предметната јавна набавка е една од најзначајните и најприоритетните за АД ЕСМ и истата ќе се спроведе во најбрз можен рок, веднаш штом се отстранат забелешките од Комисијата за жалби по јавни набавки.
Зачудува тоа што вработен во АД ЕСМ, поточно во фирмата-ќерка Елемтурс, работи против сопствената фирма и против колективот од каде добива личен доход. Дали причината за ваквото однесување се должничко-доверителски односи меѓу вработениот Ивица Томовски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски?, велат од АД Електрани на С. Македонија.