Огласувањата на работни места во АД ЕСМ се прават по претходно добиена согласност од министерството за финансии. АД ЕСМ се држи до интерниот финансиски план во кој вработувањата се предвидени и по број и по финансиски импликации, како и до постоечката систематизација која е затекната.
Објавените огласи се базираат на согласност добиена во тековната година и која важи до 31.12.2019г., со право на компанијата да одлучи кога ќе ги објави и истото нема никаква поврзаност со политички случувања во државата.Дали и колку места од сега огласените места ќе бидат пополнети ќе зависи од квалитетот на кандидатите кои ќе бидат пријавени и дали ќе има пријавени за сите позиции.Напоменуваме дека на последниот оглас објавен во ноември 2019г некои работни места останаа празни затоа што немаше пријавени кандидати, и тие места сега се повторно огласени.АД ЕСМ има потреба од различни профили на вработени, во зависност од потребите на работниот процес. Во последните два огласи се побаруваат лица со високо, средно и основно образование за различни дејности.Согласно законот, сите граѓани можат да аплицираат на огласите, велат од АД ЕСМ.