Економија,Магазин 05. ноември 2020. / 11:01

Џеф Безос се збогати за три милијарди долари

Џеф Безос се збогати за три милијарди долари

Првиот човек на светската компанија Амазон, Џеф Безос, од денес е побогат за 3 милијарди долари.

Податоците на Американската комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) тврдат дека Џеф Безос утринава продал неколку акции на Амазон во вкупна вредност од 3 милијарди долари.

Богатството на Безос и Амазон е во постојан пораст, особено во време на пандемијата со КОВИД-19. Неговото моментално богатство се проценува на 190 милијарди долари, додека вредноста на компанијата е околу 1,6 трилиони долари.

Амазон од почетокот на оваа година забележа пораст на својата вредност од преку 70 проценти.