Пишува: Зоран Апостоловски – Психолог
Зборот буџет потекнува од латинскиот збор „bulga“ со кој се означува кожна торба која при поднесување на барањата на парламентот ја отворал министерот за финансии.
Подоцна овој збор доживува трансформација во старофранцускиот збор „budgette“ за да потоа помине во Велика Британија и се модифицира во зборот „budget“.
Буџетските пари се народни пари обезбедени од даноци, царини и такси со кои располага власта. Народните пари власта на СДСМ треба да ги користи домаќински на начин на кој ќе обезбеди солиден економски раст кој понатаму ќе продуцира квалитетен и достоинствен живот на граѓаните.
Во зависност од нивото на квалитетно живеење на граѓаните, на изборите актуелната власт на СДСМ ја добива поддршката од граѓаните и останува да управува со државните ресурси или пак доаѓа нова власт која предлага мерки кои ќе доведат до повисоко ниво на квалитетно живеење.
Деновиве медиумски особено актуелни се рекордните највисоките буџетски средства.
Народот по навика ќе си каже што повеќе пари тоа подобро, повеќе пари – подобар живот. Но за жал тоа не е така…
Но маглата на политичко маневрирање не може да го прикрие фактот дека оваа влада на СДСМ ја продолжува лудата политика на наметнување на уште поголемо задолжување на државата среде најтешката економска состојба
Земајќи ја во предвид лошата економска состојба во која се наоѓа државата, заглавените ЕУ интегративни процесиод една страна, како и рекордно највисокото ниво на финансиски средства во областа на социјална заштитаод друга страна,не наведува на размислување дека актуелната власт ни подготвува еден тежок период во нашето живеење.
Период кога нашите елементарни потреби ќе ги задоволуваме од социјалната поддршка од државата, нашето право на самоиздржување ќе биде спречено и оневозможено од лошите економски и социјални политики.
На повидок нема ништо од ветениот животод актуелната власт за народот, напротив животот дојде за луѓето блиски до власта кои уживат во нивните привилегии, додека пак обичниот народ мора да го живее својот живот кој е сонајнизок квалитет во Европа.
Неефикасното трошење на буџетските пари ќе го натера обичниот народ да сеизмачува и да моли за милост од државата.
Како и да е, се е во рацете и во размислувањето на народот!
Народот ќе одлучи дали ќе продолжи да го живее постојниот животи да мечтае по ветениот „живот” или пак ќе одбере обнована начинот на живеење и живеење на вистинскиот живот.