Идната недела ќе биде објавен новиот оглас за субвенционирање на евтини летови, најавува во интервју за Канал 5, министерот за транспорт Горан Сугарески.
Тој и понатаму тврди дека претходниот морало да биде поништен поради нецелосна документација. Дали субвенвионираните летови ќе продолжат, и колку простор има за национален авио-превозник, допрва ќе следуваат анализи и пресметки, додава Сугарески.