Економија 03. ноември 2018. / 21:49

Доколу социјалната помош порасне за 300%, како што ветува Царовска – тогаш зошто невработените би барале работа?

Доколу социјалната помош порасне за 300%, како што ветува Царовска – тогаш зошто невработените би барале работа?

Со средствата од зголемените даноци ќе се финансира мерката минимален загарантиран приход со која практично на примателите на социјална помош им се зголемува социјалната помош за 300%, информираше министерката за труд и социјална политка, Мила Царовска.

Таа ја презентираше во целост социјалната реформа, а зборуваше и за сет на мерки со кои се решаваат дел од наталожените проблеми и се обезбедува стабилен и праведен пензиски систем.

-Со оваа мерка директно влијаеме за намалување на сиромаштијата кај најранливите категории, но исто така создаваме и група на граѓани коишто ќе можат да бидат активирани и вклучени на пазарот на трудот, она што и е потребно на македонската економија. Дополнително воведовме образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца затоа што детската сиромаштија е најскапа сиромаштија и Македонија не може да си ја дозволи истата- рече министерката Царовска и додаде дека детски и образовен додаток ќе можат да користат и вработените лица што работат за минимална плата.