Земјоделците мака мачат со речиси сите видови на овошје и зеленчук овие три години откако СДСМ е на власт, пишува Курир.мк .
Овие недели најактуелна е продажбата на праските која речиси и да ја нема или ја има по смешна цена.
Откако производителите на праски неодамна протестираа со истурање на родот во знак на револт поради незаинтересираноста од страна на Министерството за земјоделство, Заев го смете поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, но сепак со „метлата“ само и замачка очи на јавноста, бидејќи ново назначениот министер Трајан Димковски е „копија“ на Николовски, пишува Курир.
На социјалните мрежи инаку се појавија и фотографии од еден супер маркет во Македонија каде праските се продаваат по цена од 65 денари за килограм.
Праските минатиот месец инаку во Росоман се продаваа по смешна цена од 40 денари за 10 килограми (една гајба), додека се увезуваат од странство за двојна цена и се продаваат исто така двојно.