Економија 20. април 2018. / 15:20

Додека одговорните шетаат во Европа – Земјоделците се жалат на ниската откупна цена

Додека одговорните шетаат во Европа – Земјоделците се жалат на ниската откупна цена

Додека советникот за земјоделство на премиерот Заев, Ленче Николовска и државниот инспекторат за земјоделство на социјалните мрежи се пофалија дека се шетаат низ Европа,  земјоделците се револтирани од катастрофалната состојба во која се доведени.

Земјоделците се жалат на рекордно ниската откупна цена на зелките која падна од 8 до 10 денари а беше барана да биде 30 денари од килограм.

Тие уште еднаш го повикаа министерот Николовски и надлежните кои наместо да одат на патување, да се зафатат со работа и да пронајдат заедничко решение со земјоделците.

Земјоделците се револтирани од новата програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бараа итна средба со министерот Николовски и надлежните.

Единствено што можеле земјоделците да стапат во контакт беше советничката Ленче Николовска која сега е на патување во Софија, од која добиле одговор дека „Има многу зелка и цената неможе да расне“.

Вчера производителите на пролетната зелка во селото Сарај , Струмичко со мирен протест го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени бидејќи производството им е неисплатливо, ѕие уште еднаш го повикаа министерот Николовски и надлежните помалку да патуваат во странство, за да се зафатат со работа и да пронајдат заедничко решение со земјоделците за нивните проблеми.