Економија

До крајот на април ќе биде пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија-Смоквица

До крајот на април ќе биде пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија-Смоквица

До крајот на април официјалното ќе биде пуштена во употреба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Претходно беше соопштено дека овој дел од автопатот ќе биде пуштен во употреба на крајот на март.

“Станува збор за некои технички работи и документација за да се добие технички прием и планираме оваа делница да ја пуштиме во употреба до крајот на месецов” велат од Министерството за транспорт и врски.

Полседните информации се дека се отстранети сите пречките кои беа клучни за овој проект, односно изграден е контролен центар во Неготино, а беше преместен и далноводот.