Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени пред седум дена.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и ќе изнесува 46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг и ќе изнесува 18,891 ден/кг.