Сметам дека тутунарите уште на десет средби можат да одат, решението на проблемот нема да го најдат, затоа што интерес кај власта и откупувачите-нема, пишува поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски.
На едвај 45 дена до законски крајниот откупен рок, најавен е нов состанок за “решавање” на проблемот со откупот на тутунот меѓу Сојузот на земјоделските здруженија (прашање е колку се законски релевантен социјално-економски партнер и колкава им е поддршката кај тутунарите), државните институции, откупувачите и, можеби ИО на тутунари, за ново купување време на власта за наводно изнаоѓање решение, пишува тој
Како може да се очекува проблемот да го реши тој (владата) кој и го создал, дополнително, наместо решение истиот (владата) создава уште еден нов проблем
Затоа, барањата на тутунопроизводителите потребно е да се прошират со уште едно: пролонгирање на законскиот рок на откуп на тутунот за дополнителни 30 дена
Невозможно е од 25 милиони произведени, преостанатите 20 милиони килограми ориентален тутун да бидат откупени во предвидениот рок, за што единствен виновник се државните институции со несериозниот однос и преќутното толерирање на спората динамика на откупот диктирана од страна на откупувачите
Верувам дека и на тутунарите ова им е јасно.
Меѓутоа, сметам дека тутунарите уште на десет средби можат да одат, решението на проблемот нема да го најдат, затоа што интерес кај власта и откупувачите-нема
ПС: досегашната неодговорност на власта може да придонесе “вишокот” од 3-4 милиони килограми тутун (без договор за откуп) да се зголеми до безмалку половина реколта
Што тогаш, прашува Димовски.
На едвај 45 дена до законски крајниот откупен рок, најавен е нов состанок за “решавање” на проблемот со откупот на…
Posted by Ljupco Dimovski on Петок, 08 јануари 2021