Економија 13. јануари 2021. / 09:50

Димовски: До кога ќе го газат достоинството на тутунарите, спијат во приколки и чекаат ред за тутунот

Димовски: До кога ќе го газат достоинството на тутунарите, спијат во приколки и чекаат ред за тутунот

Има ли човештилук кај власта и откупувачите и до кога ќе го газат достоинството на македонските тутунари, праша поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски

Заради слабата динамика за откуп на тутунот секоја вечер пред откупните пунктови наредени се трактори, комбиња и возила со приколки на производителите на тутун кои остануваат и преспиваат, со цел утрото побрзо да го предадат својот труд, напиша Димовски.

Има ли човештилук кај власта и откупувачите и до кога ќе го газат достоинството на македонските тутунари⁉️
Заради…

Posted by Љупчо Димовски on Вторник, 12 јануари 2021

Инаку за денеска е најавана нова средба на тутунарите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, на која тутунарите ќе ги изнесат своите барањата за откуп на тутунот