Економија 12. јули 2018. / 18:46

Димитров на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ

Димитров на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ

Со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација, со годинешниот состанок ќе претседава Високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, а копретседавач ќе биде МНР Никола Димитров. Во делегацијата на Република Македонија учество ќе земе и заменик претседателот на Владата, Бујар Османи. Во делегацијата на Европската унија ќе учествува и еврокомесарот Јоханес Хан.

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа. Првиот состанок беше одржан на 14 септември 2004 година. Состаноците традиционално се одржуваат во Брисел,соопштува МНР.