Дополнителната заменичка-министер за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска, најави дека најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400 милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од корона вирусот.
Според неа, банките своите понуди ќе ги достават до крајот на овој месец.
– Во саботата ставив потпис на писмата што се пуштија до ММФ и Светска банка, како и до комерцијалните банки. Целта беше да се обезбедат дополнитлени средства со цел да ја надминеме оваа криза. Согласно она што е наведно во писмата се бара пред се комерцијалните банки своите понуди да ги достават до крајот на март по што ќе следи евалуација од страна на вработените во секторот за јавен долг при Микнистерството за финансии по што ќе треба да се потпише договор. Ќе се потпишува договор согласно англиското право па оради тоа дополнитлено ќе се ангажира и во писмото се бара адвокатска куќа која што би помогнала во овој дел, што значи дека средствата најдоцна до 5 мај ги очекуваме да бидат исплатени до колку нели се би одело како што треба – изјави Димитриевска Кочоска во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во однос на барањето до ММФ рече дека се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства да стигнат побрзо.
Се уште нема информација колку средства ќе ни се стават на располагање од Светска банка и за колку време би ги добиле. Бараме помеѓу 100 и 120 милиони евра, но не знаеме колку ќе ни одобрат – вели таа.
Дополнителната заменичка-министер за финансии не очекува проблеми да се обезбедат овие средства, но, како што рече, можеби ќе биде само прашање која е цената.
Димитриевска Кочоска посочи дека проекциите се оти на приходната страна ќе има 60 отсто помалку приходи од планираното во Буџетот за оваа година, ако се има предвид состојбата со корона вирусот каде немаме тренд на намалување, туку се зголемува и ќе трае одреден период.
– Имаме четири милијарди евра приход. Од тие ќе имаме 40 отсто приходи, што е во суштина 1,6 милијарди приход. Се друго недостига. Недостигаат отприлика 2,4 милијарди – истакна Димитриевска Кочоска.