Економија 06. август 2019. / 18:58

Детска кардиохирургија останува без кадар: Чадиковски и целиот тим заминуваат од Жан Митрев

Детска кардиохирургија останува без кадар: Чадиковски и целиот тим заминуваат од Жан Митрев

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска поднел оставка во болницата на „Жан Митрев“, каде е во работен однос од февруари годинава.

Чадиковски за телевизија Сител ја потврдил информацијата и рекол дека оставката веќе е депонирана.

Неофицијално, дознаваме дека деновиве од кај Жан Митрев ќе заминат и останатите членови од тимот кои заедно со Чадиковски преминаа во приватната болница. Засега нема информации каде ќе продолжат со работа.

Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, годинава премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца, кои ги покрива ФЗОМ.

Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, бил разочаран поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.