Економија 01. јуни 2020. / 15:38

Десетина службеници на УЈП одат во самоизолација поради контакт со директорката Лукаревска

Десетина службеници на УЈП одат во самоизолација поради контакт со директорката Лукаревска

Десетина службеници во генералната дирекција на УЈП ќе бидат ставени во самоизолација, поради контакт со директорката Сања Лукаревска, која објави дека е позитивна на тестот за корона вирусот, пренесува „ТВ 24“.

Лукаревска за „ТВ 24“ вели дека контактите и состаноците во УЈП за цело време на кризата се сведени на минимум, осен за клучни прашања, се користеле интернет алатките за комуникација.

Внимававме и ги почитувавме сите препораки, но сепак превентивно десетина лица од генералната дирекција на УЈП ќе бидат пријавени од моја страна во анкетата кај епидемиолозите за да направат тестирање – вели Лукаревска.

Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.